ungarija zname mesto

16.09.2023 Скопје

Унгарија го забрани увозот на 24 украински земјоделски производи, вклучително и житарки, зеленчук и неколку месни производи и мед, се вели во владината уредба.

Забраната стапува на сила утре. Унгарија одлучи еднострано да го забрани увозот на украински прехранбени производи откако Европската комисија објави дека нема да ја продолжи сегашната забрана за увоз на украинско жито на пет соседи на Украина во ЕУ, која истече вчера вечерта.

Полска претходно најави дека самостојно ќе ја продолжи забраната за увоз на украинско жито, а истата одлука ја најавија и словачките власти.

Европската комисија претходно објави дека нема да ја продолжи забраната за увоз на украинско жито на пет соседи на Украина од европскиот блок бидејќи нема повеќе нарушувања на пазарот.

Ограничувањата наметнати од ЕУ во мај им дозволија на Полска, Бугарија, Унгарија, Романија и Словачка да ја забранат домашната продажба на украинска пченица, пченка, канола и сончоглед, но дозволија транзит на таков товар за извоз на друго место.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author