29.09.2023 Скопје

Српската премиерка Ана Брнабиќ на седница на Владата на Србија ги информирала соработниците и министрите дека изборите ќе се одржат на 17 декември.

Српскиот претседател Александар Вучиќ најпрвин изјави дека изборите ќе се одржат на 17 декември, а потоа истото го кажа и премиерката на седницата на Владата на Србија.

Бранот оставки на градоначалници и претседатели на општини уследи по најавата на претседателот на Србија, Александар Вучиќ, кој изјави дека од 17 декември ќе има „некои локални избори“.

„Добив писмо, еве го официјално. Мора да ги почитувате демократијата и опозициските партии, а јас не сум некој кој е ентузијаст за нивната работа. Рекоа дека државата е во колапс, дека економијата е уништена, иако е посилна од кога ја водеа оваа држава… Ја прифатив нивната идеја и подготвени сме за избори на 17 декември, може да бидат на 17 декември“, изјави Вучиќ.

Тој рече дека 24 декември е католички Божиќ, и дека тогаш не може да се одржат.

„Може да бидат на 17 декември. Ако сакаат можат да бидат и на 23 декември. Нека кажат кога сакаат. Тие ќе бидат заедно во парламентарните, белградските, покраинските и некои други општини. Знаеме дека тие се фаворити за изборите во Србија“, додаде Вучиќ.

Да потсетиме, претседателот на Србија во обраќањето пред новинарите на 22 септември во Њујорк најави дека веднаш по враќањето во Србија ќе почне да пишува одговор на барањето поднесено од претставниците на опозицијата кои ја организираат „Србија против насилството“ на протестите, на кои се бара распишување на вонредни парламентарни и белградски избори.

„Сега кога ќе се вратам ќе почнам да им пишувам одговор прво на писмото што ми го испратија и да видиме кога ќе одиме на тие избори“, рече тогаш Вучиќ и додаде дека е сигурен дека опозицијата ќе се израдува.

„Тие сега го направија овој сојуз за победа („Договор за победа“), ќе победат, тие се големи фаворити, имаат огромна сила во народот“, рече тогаш претседателот на Србија.

Вучиќ рече дека се договорил со градоначалникот на Белград, Александар Шапиќ, како да се презентираат резултатите.

„Тој ќе биде кандидат на СНС, тоа е предлогот на Милош Вучевиќ. Ќе ми биде чест да бидам на списокот на СНС, ако ме повикаат“, изјави Вучиќ.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *