konzervativna partika kineski spioni

13.09.2023 Скопје

Британското тело за безбедност и контрашпионажа МИ5, ја предупреди Конзервативната партија дека двајца од нејзините потенцијални кандидати за пратеници би можеле да бидат кинески државни шпиони.

Локалните медиуми соопштија дека, службата за безбедност контактирала со партијата во 2021 година и минатата година, предупредувајќи дека две лица не требало да бидат дел од списокот од безбедносни причини.

Портпаролот на Конзервативната партија соопшти дека, откако добиле веродостојни информации во врска со безбедносните грижи за потенцијалните кандидати, партијата постапила со соодветна одлика.

Откритијата доаѓаат откако конзервативен парламентарен истражувач беше уапсен под сомнение дека шпионирал за Кина.

Подготвено од М.Н.

About Author