14.09.2023 Скопје
Поранешниот британски премиер Борис Џонсон ја нападна британската влада поради нејзината политика кон Украина, велејќи дека итно треба да обезбеди повеќе оружје што го бара Киев.
Поранешниот премиер, кој воспостави блиски односи со украинскиот Володимир Зеленски по избувнувањето на војната со Русија, истакна дека би можело да биде „релативно тривијален трошок за извонредна потенцијална награда“ доколку западните нации обезбедат поголема воена поддршка на Украина.
Џонсон повика на „далеку поголемо чувство на итност во врска со нашата програма за воена помош“.
Џонсон ја упати својата порака не само кон Велика Британија, туку и до САД и другите западни нации, како и до глобалните „свинг гласачи“ како што е Индија, со цел да се обезбедат хаубици – артилериско оружје – крстосувачки ракети Сторм Шадоу и да се помогне на Украина со технологијата на беспилотни летала.
Подготвено од М.Н.