binance kripto

29.09.2023 Скопје

Берзата за криптовалути Binance се повлекува од рускиот пазар, неколку месеци откако медиумите објавија дека е под лупа од американските власти „зашто и помогна на Русија да ги избегне западните санкции“.

Главната причина за одлуката беше тоа што нивните операции во Русија не беа компатибилни со стратегијата за деловна усогласеност.

Во мај американското Министерство за правда ги истражуваше тврдењата дека Русите го користеле Binance за да ги избегнат американските санкции поради војната во Украина.

Фирмата негираше каква било вмешаност во кршење на санкциите, но вчера објави дека „целосно се повлекува од рускиот пазар“ и дека ќе ги продаде своите средства во Русија на CommEX, која започна со работа во вторник.

Во меѓувреме, CommEX веќе изрази „топло добредојде“ до новите руски корисници во порака преку социјалната мрежа X, но одби да одговори на прашањата на корисниците на Telegram за сопственоста и седиштето на компанијата.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author