dron iran nov

18.09.2023 Скопје

Бугарското Министерство за одбрана објави дека испратило специјална единица за проверка и деактивирање на беспилотно летало со експлозив што слета во црноморскиот град Тјуленово во неделата навечер.

„Синоќа околу 21 часот и 30 минути е добиена пријава на 112, нешто по 22:00 часот просторот е опколен од полиција со забрана за пристап на луѓе и користење на терасите на угостителските објекти“, изјави Маријан Зечев, градоначалник на Шабла, општина чиј дел е и Тјуленово.

Тој додаде дека дронот е пронајден на карпите покрај закотвените бродови на тоа место.

„По увидот, тимот ќе одлучи како да се отстрани дронот“, се вели во соопштението на Министерството за одбрана, во кое се додава дека тимот е испратен на барање на регионалната влада.

Туристичкиот град Тјуленово се наоѓа на 70 километри од романската граница.

Бугарските медиуми објавија дека беспилотно летало со експлозив слетало во неделата доцна навечер.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author