04.09.2023 Скопје

Белгија нема да и обезбеди на Украина борбени авиони Ф-16 бидејќи авионите се премногу стари, објавија белгиските медиуми, повикувајќи се на изјави на претставници на Министерството за одбрана.

Претставниците на Министерството за одбрана на Белгија соопштија дека, на Украина не може да и се даде опрема што белгиската војска не би ја користела.

Белгија очекува постепено да ги замени своите ескадрили Ф-16 со најсовремени Ф-35, а првите испораки се закажани за крајот на оваа година.

Белгија беше меѓу првите земји во светот што и обезбеди на Украина помош за самоодбрана против руската инвазија на почетокот на минатата година.

Белгиските власти ја обезбедија Украина со хаубици, оклопни транспортери, автоматско оружје, муниција, гориво и медицинска опрема.

Подготвено од М.Н.

About Author

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *