https://www.facebook.com/fcbarcelona/photos/a.499490074304/10158793865159305

28.09.2023 Скопје

Шпанската полиција денеска изврши претрес во просториите на Шпанската фудбалска федерација (РФЕФ) како дел од судската истрага за наводната повеќегодишна исплата на милиони евра, кои Барселона му ги плати на потпретседателот на Судискиот комитет, Хозе Марија Енрикез Негреира.

Шпанската полиција соопшти дека станува збор за канцелариите на седиштето на Федерацијата во близина на Мадрид, дека немало апсења и дека постапувале по наредба на судијата што го истражува случајот.

Во март, државните обвинители ја обвинија Барселона за корупција во спортот, измама во управувањето и фалсификување документи.

Обвинителите тврдат дека Барселона на поранешниот фудбалски судија Хозе Марија Енрикез Негреира му платила 7,3 милиони евра. Негреира беше член на Комитетот на судии од 1994 до 2018 година, а исплатите беа извршени во периодот од 2001 до 2018 година.

Фудбалскиот клуб Барселона ги отфрли обвинувањата и конфликтот на интереси. Каталонскиот клуб соопшти дека платил за техничките извештаи за судиите, но никогаш не се обидел да влијае на нивните одлуки на натпреварите во шпанската лига.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author