05.09.2023 Скопје
Агенцијата за азил на Европската унија (ЕУАА) соопшти дека бројот на мигранти кои поднеле барања за азил во ЕУ во првата половина од година е зголемен за 28 отсто во споредба со истиот период минатата година.
Помеѓу јануари и крајот на јуни оваа година, имало 519.000 барања за азил во ЕУ и придружните земји Швајцарија и Норвешка, соопшти агенцијата.
Европската унија е на пат да прими повеќе од еден милион баратели на азил оваа година, најголем број од 2015-2016 година кога забележа огромен прилив, главно Сиријци кои бегаат од војната во нивната земја.
Бројките се намалија во 2017 година, откако унијата склучи договор со Турција за да ги ограничи нерегуларните гранични премини, и за време на екот на пандемијата со коронавирусот во 2020 и 2021 година, кога беа воведени ограничувањата за патување.
Во 2022 година повторно е забележан пораст на апликациите за 53 проценти, ставајќи многу земји од ЕУ „под притисок“, соопшти Агенцијата за азил на ЕУ.
Подготвено од М.Н.