07.09.2023 Скопје
Ерменскиот премиер Никол Пашинјан изјави дека Азербејџан распоредува воена силана границата со Ерменија и на демаркационата линија со Нагорно Карабах, потенцирајќи дека ситуацијата кулминира.
„Во изминатава недела воено-политичката состојба во нашиот регион се влоши. Тоа е затоа што Азербејџан во последните денови масовно трупа војска долж линијата за одвојување во Нагорно-Карабах и на границата меѓу Ерменија и Азербејџан. Антиерменската реторика и говорот на омраза се засилени во азербејџанскиот печат и на пропагандните платформи“, истакна ерменскиот премиер Пашинјан.
Пашинјан ја повика меѓународната заедница и земјите-членки на Советот за безбедност на ОН да преземат сериозни чекори за да спречат нова експлозија на тензии во регионот.
Подготвено од А.Ѓ.