nagorno kabarah vojna

20.09.2023 Скопје

Азербејџан ќе ги продолжи, како што ги нарекува, „антитерористичките операции“ во Нагорно-Карабах „до крај“ доколку ерменските воени единици не се предадат и не го предадат своето оружје.

Во соопштението се наведува дека сепак, за да престанат антитерористичките мерки, илегалните ерменски воени формации мора да го подигнат белото знаме, целото оружје мора да се предаде и нелегалниот режим мора да се распушти.

„Во спротивно, антитерористичките мерки ќе продолжат до крај“, додаваат оттаму.

Како одговор на повиците за преговори, се тврди дека Ерменците во регионот на Карабах биле поканети на дијалог во неколку наврати, но „постојано одбивале“.

Претходно, сепаратистичкото раководство на азербејџанскиот регион Нагорно-Карабах, населен со Ерменци, предложи прекин на огнот и преговори со Баку.

Во меѓувреме, ажурирањето на X, порано познато како Твитер, вели дека интензитетот на оган долж линијата на контакт со азербејџанските сили „значително се намалил“.

Властите на непризнаената де факто независна република Нагорно-Карабах населена со етнички Ерменци на Фејсбук објавија дека пет лица загинале, а 80 се ранети во воените операции на Азербејџан.

Според информативниот центар на Нагорно Карабах, од 80 ранети, 15 се цивили.

Претходно Азербејџан најави спроведување на „локални антитерористички мерки“ во Нагорно Карабах, а непризнатата република Нагорно Карабах потврди дека азербејџанската армија изведува ракетни и артилериски напади, обидувајќи се да ја пробие линијата на контакт.

Ерменскиот премиер Никол Пашинјан претходно изјави дека азербејџанските вооружени сили ја гранатираат целата територија на Нагорно Карабах со цел да воспостават контрола над населените области.

Според него, „азербејџанската армија започна копнена операција во непризнатата Република Нагорно-Карабах (НКР)“.

Азербејџанските сили уништија училиште во селото Јегсахог во Нагорно Карабах, жителите се под опсада и не можат да се евакуираат.

Властите на Нагорно Карабах не можат да евакуираат 150 жители на селото, кое е целосно опколено од азербејџанските сили, изјави активистот за човекови права од Нагорно Карабах, Гегам Степанјан.

„Заедницата Јегсахог во регионот на Шуши со вкупно 150 жители беше директно цел на азербејџанската страна. Вооружените сили на Азербејџан го уништија селското училиште. Нема можност за евакуација на жителите, тие се целосно опколени од Азербејџан“, напиша Степанјан на платформата Х (Твитер).

Подготвено од А.Ѓ.

About Author