13.09.2023 Скопје
По 30 години отсуство, Австрија повторно ја отвори својата амбасада во Багдад, што беше поздравено како знак за враќање на стабилноста.
„Се вративме и сме сериозни“, изјави австрискиот министер за надворешни работи Александар Шаленберг на свеченото отворање на дипломатската мисија во хотелот „Бавилон Ротана“ во централниот дел на градот.
Шаленберг посочи дека Ирак е клучот за стабилноста и безбедноста на целиот регион.
„Ирак е клучна земја во регионот“, рече Шаленберг на заедничката прес-конференција со ирачкиот колега Фуад Хусеин.
Тој беше придружуван од 10 бизнисмени од компании кои се подготвени да инвестираат, од енергетскиот, здравствениот и телекомуникацискиот сектор до сообраќајот и инфраструктурата, пренесе АФП.
Според австриските стопански комори, австрискиот извоз во Ирак минатата година пораснал на 94,5 милиони евра, што е за 25 отсто повеќе од претходната година.
Подготвено од А.Ѓ.