avion prinudno sletuvanje

12.09.2023 Скопје

Авионот на руската компанија „Урал ерлајнс“ со 159 патници и шест членови на екипажот, кој летал од Сочи за Омск, утрово принудно слетал во Новосибирската област.

Прелиминарната причина за принудното слетување на авионот во Новосибирската област е дефект на хидрауличниот систем за време на летот, соопштија од итните служби.

Како што беше соопштено, никој од оние кои се наоѓале во авионот не е повреден.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author