02.09.2023 Скопје
Пред неколку дена астрономите снимија краток светлосен блесок на Јупитер, предизвикан од удар на небесно тело на „гасниот џин“.
Сликите, направени нешто повеќе од еден час по полноќ на 29 август, се направени од два аматерски астрономски колективи: OASES и PONCOTS.
Различни вселенски тела често го погодуваат Јупитер поради неговата силна гравитација и близината до главниот астероиден појас. Астрономите забележале голем број вакви случаи, а најзначајниот е во 1994 година, кога остатоците од кометата Шумејкер-Леви 9 удриле на петтата планета од Сончевиот систем, по што нивните траги во атмосферата биле видливи со месеци.
きのうのTLで知った木星の閃光、撮影したデータを確認してみたら写っていました。
…声が出ました(^^;
日本時間2023年8月29日1:45、世界時28日16:45です。https://t.co/UYhnvAmA63https://t.co/Y7nCHtJq4k pic.twitter.com/g0FerdyoVg— MASA Planetary Log (@MASA_06R) August 29, 2023
Јупитер игра важна улога во заштитата на внатрешниот Сончев Систем од удари на астероиди и комети со привлекување и апсорпција на удари или исфрлање потенцијално опасни објекти понатаму во Сончевиот систем.
Се верува дека фреквенцијата на удари на различни небесни тела на Јупитер е меѓу 2.000 и 8.000 пати поголема од ударот на Земјата.
Подготвено од А.Ѓ.