https://www.facebook.com/ArsovskaDanela/photos/a.103786138039993/402777168140887

26.09.2023 Скопје

Градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска, потврди дека поседува двојно државјанство, но тоа не е бугарско како што пред локалните избори во 2021 година тврдеа политичките партии, покажувајќи бугарска лична карта на име Даниела Арсовска, со адреса во Петрич.

Арсовска смета дека тоа не е лошо, дури и да е така, тоа не е грев. Воедно, додаде дека има дел од луѓе кои го земале од мака, од економски причини, дел го земале да шетаат по светот без препреки, „меѓутоа да бидеш носител на бугарски пасош и да критикуваш дека некој има е трагично“.

Градоначалниката Арсовска истакна дека поседува чешко државјанство, кое го добила по раѓање од мајката.

Арсовска на почетокот на мандатот како градоначалник на Скопје се откажа од титулата почесен конзул на Унгарија, дипломатско звање кое и беше доделено од владата на Орбан и врачено од унгарскиот министер за надворешни работи Сијарто при отварање на почесниот конзулат.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author