idninata kako proekt

21.09.2023 Скопје

Во Музејот на современата уметност – Скопје денеска (21 септември) со почеток во 19 часот ќе биде отворена архитектонската изложба „Иднината како проект – Доксијадис во Скопје“.

Во годината кога Скопје одбележува 60 години од катастрофалниот земјотрес што го разурна градот на 26 јули 1963 година, оваа изложба има цел одново да ја стави во центарот на вниманието приказната за неговата обнова. Во нејзиниот фокус се улогата и придонесот на грчкиот архитект и планер Константинос А. Доксијадис.

Автори и куратори на изложбата се: Јован Ивановски, Ана Ивановска Дескова, Владимир Десков, Калиопи Амигдалу и Костас Циамбаос, во соработка со истражувачкиот тим кој го сочинуваат: Теа Дамјановска, Михајло Стојановски и Христос – Георгиос Критикос.

Проектот е реализиран од Здружението на граѓани за поддршка и промоција на културата – Континео 2020, Скопје и е дел од годишната програма на Министерството за култура на Република Северна Македонија. Поставката ќе биде отворена за јавноста до 20 јануари 2024 година.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author