argentina pobeda bolivija

13.09.2023 Скопје

Репрезентацијата на Аргентина издвои историска победа над Боливија со резултат од 3:0 во второто коло од квалификациите за СП 2026.

Аргентинците победија без својот капитен, најдобриот играч и стрелец Лионел Меси, на стадионот „Ернандо Сајлс“, кој важи за најтешкото гостување во светот бидејќи се игра на надморска височина од 3.640 метри.

Стадионот „Ернандо Сајлс“ е највисокиот меѓународен стадион во светот, и на гостите им е тешко да играат таму бидејќи не се навикнати на таква височина.

По домашната победа над Еквадор со резултат од 1:0, репрезентацијата на Аргентина одлично го започна патот кон одбраната на светската титула.

Подготвено од М.Н.

About Author