25.09.2023 Скопје
Податоците од анализата на Гардијан покажуваат дека Скопје е домаќин на три од најмногу загадените окрузи на континентот и заедно со други градови од Западен Балкан и Полска е едно од европските жаришта за ПМ-2,5 честичките.
Во својот текст, британскиот весник напишта дека планините околу Скопје ги чуваат граѓаните безбедни кога смогот станува погуст, но ги заробуваат и отровите што го прават воздухот меѓу најопасните од сите градови во Европа. Додека пак, нечистите горива како извор на загадување, заедно со лошата урбанистичко планирање и незгодниот терен со децении го задушуваат главниот град на Република Северна Македонија.
Градот Скопје се наоѓа во котлина каде што стари фабрики функционираат покрај домовите и работните места. Во зима, кога луѓето се греат на печки со отпадно дрво и ѓубре, се крева топол воздух кон небото, кој се сретнува со студениот и тежок планински воздух и го формира капакот што ги задржува загадувањето и маглата во самата котлина.
Доколку се достигне построгата граница од 10 микрограми на метар кубен ПМ-2,5 честички во воздухот, што е пропишана од Светската здравствена организација, и која воедно ја намали ваквата граница на 5 микрограми на метар кубен, Скопје ќе ги преполови болничките посети поради болести на срцето и белите дробови.
Според текстот на британскиот весник, за некои жители, лошиот воздух е дополнителна причина да ја напуштат земјата, заедно со ниските плати и корупцијата кои го поттикнаа одливот на мозоци во ЕУ.
Подготвено од А.Ѓ.