28.09.2023 Скопје
„Apple“ е највредната компанија во светот. Американскиот трговски синџир „Walmart“ има најмногу вработени во светот, дури 2,1 милион работници, на второ место по број на работници е „Amazon“ со околу 1,5 милиони и на трето место е компанијата „Foxxon“ со околу 826.000 работници.
На таа листа по број на вработени, глобалната компанија „Apple“ е само на 133. место, бидејќи има „само“ 164.000 вработени на глобално ниво.
Но, на листата на компании по пазарна капитализација, според податоците на „Companymarketcap“, прва компанија е „Apple“ со 2,8 милијарди долари, на второ место е „Microsoft“ со 2,4 милијарди долари и на трето место е „Saudi Aramco“ ( 2,2 милијарди долари), „Alphabet“ (1,7 милијарди долари), „Amazon“ (1,4 милијарди долари), „Nvidia“ (1.0 милијарди долари), компанијата „Tesla“ (845 милијарди долари).
Потоа „Berkshire Hathaway“ (808 милијарди долари), „Мета“ („Фејсбук“) со 784 милијарди долари и „Еli Lilly“ (545 милијарди долари).
Подготвено од А.Ѓ.