15.09.2023 Скопје
Косовскиот премиер Албин Курти и српскиот претседател Александар Вучиќ вчера се сретнаа во Брисел со посредство на високиот претставник за надворешна политика на ЕУ Жозеп Борел и специјалниот пратеник на ЕУ за дијалогот, Мирослав Лајчак.
Борел истакна дека, косовскиот премиер не го прифатил предлогот на ЕУ за истовремена примена на обврските кои произлегуваат од Договорот за нормализација на односите, а Вучиќ го прифатил.
Борел исто така истакна дека Курти инсистирал пред се да се официјализира де-факто признавањето на Косово од Србија, додека Вучиќ барал формирање Заедница на општини со српско мнозинство на Косово.
Американскиот Стејт департмент изрази разочарување што не е постигнат напредок во новата рунда дијалог меѓу Косово и Србија за нормализација на односите, и според Стејт департментот, дијалогот овозможен од ЕУ е единствениот пат напред за Косово и Србија.
Подготвено од М.Н.