06.09.2023 Скопје
Американскиот регулатор за конкуренција (Федерална трговска комисија, FTC) ќе поднесе тужба против гигантот за е-трговија и облак компјутери Amazon.com Inc овој месец.
Според сознанијата, правните застапници на Амазон учествувале на видео конференција со претставници на FTC на 15 август и тоа би било последниот чекор пред почетокот на правната битка што американската федерална агенција ја подготвувала со месеци.
FTC, кој со години ги проверува деловните практики на Амазон, вклучително и наводната дискриминација на конкурентните производи на нејзините малопродажни платформи, планира да ја поднесе тужбата до крајот на септември.
За време на минатомесечниот состанок, претставниците на Амазон го повториле ставот на компанијата, дека принудувањето да го преиспита третманот на независните продавачи на нејзините платформи може да резултира со повисоки цени и подолго време на испорака за потрошувачите.
Подготвено од М.Н.