sabotaza severen tek

27.09.2023 Скопје

Американскиот новинар и добитник на Пулицеровата награда, Сејмур Херш, истакна дека американските диверзанти кои ја изведоа операцијата за уништување на подводните гасоводи Северен тек не оставија траги.

„Американските оперативци, мажи и жени кои тајно се преселиле во Норвешка пред повеќе од една година и со месеци планирале уништување на три од четирите гасоводи „Северен тек“ во Балтичкото Море, не оставиле никаква трага освен успехот на нивната мисија“, рече Херш.

Според неговите тврдења, во компјутерот не биле внесени никакви значајни информации за мисијата, туку сè било напишано на кралска машина за пишување, или можеби Смит корона, во еден или два примерока, како интернетот и онлајн светот да не биле сè уште измислени.

„Белата куќа беше изолирана од случувањата во близина на Осло. Различните извештаи и ажурирања од терен беа директно доставени до директорот на ЦИА, Бил Барнс, кој беше единствената врска помеѓу планерите и претседателот кој даде зелено светло за спроведување на акцијата на 26 септември 2022 година“, објави Херш, наведувајќи дека кога мисијата била завршена, сите отчукани хартии биле уништени, не оставајќи никакви физички траги.

„Не остана ниту еден доказ што подоцна би го ископал специјален обвинител или претседателски историчар. Тоа би можело да се нарече совршено злосторство“, заклучил Херш.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author