14.09.2023 Скопје
Италијанските медиуми пренесуваат дека, Македонскиот репрезентативец Александар Трајковски ќе биде нов фудбалер на Хајдук Сплит од Хрватска.
Трајковски во Италија од 2015 до 2019 година ги бранеше боите на Палермо, каде севкупно имаше учинок од 20 голови и 16 асистенции во 113 настапи.
Медиумите соопштија дека за Трајковски интерес покажал и хрватскиот шампион Динамо Загреб, но 31-годишниот фудбалер се одлучи за преселба во Сплит.
Во Хајдук би требало да дојде како слободен играч откако ова лето му истече договорот со Ал-Фејха од Саудиска Арабија.
Подготвено од М.Н.