01.09.2023 Скопје
Црногорскиот премиер во технички мандат Дритан Абазовиќ смета дека треба да се забрза процесот на формирање влада за да не се губи времето на граѓаните.
Абазовиќ изјави дека е импресиониран од фактот што претседателот на Црна Гора, Јаков Милатовиќ, би сакал да го види ГП УРА во новата влада.
Тој рече дека доколку мандаторот Милојко Спајиќ биде успешен во процесот на формирање влада, ќе му честитаат.
„До сега не сме се мешале во процесот. Мандатот има можност да го избере својот тим онака како што мисли дека треба да биде. Останувам на тоа дека, доколку биде успешен во тоа, ќе му честитаме. Ќе спроведеме нашата сопствена политика, се разбира“, рече Абазовиќ.
Ако не, истакна Абазовиќ, тогаш мораме да тргнеме кон некои нови решенија.
Подготвено од А.Ѓ.