29.09.2023 Скопје
Претстојниот викенд започнува новата сезона во регионалната кошарка, а клубовите од територијата на поранешна Југославија ќе играат по малку поинакви правила од досегашните. На официјалниот сајт на АБА лигата се појави соопштение во кое се зборува за поинаква искористеност на предизвикот во следната сезона од регионалното натпреварување – тренерите нема да го изгубат правото да го гледаат видеото, доколку „погодат“ и ја коригираат судиската одлука.
Според новите правила, правото на оспорување нема да се изгуби како што беше досега, и тоа не е единствената добра одлука. Тренерите на екипите во регионалното натпреварување ќе имаат можност да побараат да го гледаат видеото двапати, но со еден исклучок – во последните две минути од играта, предизвиците можат да ги искористат само еднаш. Сепак, измените што се направени се доволно добри и со такво правило, откако сега тренерите ќе можат да имаат поголема контрола врз натпреварот.
Ова ни гарантира дека ќе гледаме поинтересни натпревари во регионалното натпреварување, а се огласија и бројни кошаркарски фанатици кои коментираат дека со слична одлука и Евролигата треба да ја следи АБА лигата. Во елитното клупско натпреварување за клубови сè уште е дозволен само еден предизвик, а истиот се губи без разлика дали одлуката ќе биде поништена.
Подготвено од А.Ѓ.