12.09.2023 Скопје

Најмалку седум лица загинаа, а три се водат како исчезнати во лизгање на земјиштето предизвикано од невреме придружено со обилни дождови во јужна Кина, во регионот Гуангкси.

Невремето, исто така, им овозможи на повеќе од 70 крокодили да избегаат од фарма во Маоминг, град во соседната провинција Гуангдонг, а на жителите им беше препорачано да останат во затворени простории.

Официјален претставник за итни случаи изјави дека 69 возрасни крокодили и шест младенчиња избегале.

Некои крокодили веќе се фатени, но операцијата за нивно фаќање е тешка поради длабочината на езерото.

Две лица загинаа во поплавите во Хонг Конг минатата недела.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *