sportski aktivnosti

01.08.2023 Скопје

Евростат објави дека минатата година во спортот во Европската унија се вработиле 1,51 милион луѓе, што е 0,8 отсто од вкупниот вработеност. Бројот на вработени се зголемил за 10,9 отсто во 2022 година во однос на претходната година (кога 1,36 милиони луѓе работеле во спортот).

Спортскиот сектор вклучува спортски тимови, клубови, тренери, независни спортисти, фитнес центри и активности за промоција и управување со спортски настани.

Меѓу земјите-членки на ЕУ, Шведска имаше најголем удел на луѓе кои работат во областа на спортот (1,4 отсто од вкупната вработеност), потоа Финска, Данска (1,2 отсто), Шпанија и Франција (и двете по 1,1 отсто).

Најмал удел на вработени во спортскиот сектор е регистриран во Романија (0,2 отсто од вкупната вработеност), Бугарија (0,3 отсто), Полска и Словачка (по 0,4 отсто) и Хрватска и Литванија (по 0,5 отсто).

Подготвено од А.Ѓ.

About Author