zemjotres kina

07.08.2023 Скопје

Најмалку 20 лица се повредени во земјотресот со јачина од 5,5 степени според Рихтеровата скала регистриран денеска во округот Пингјуан во источна Кина.

Се урнале вкупно 126 домови. Според Кинескиот центар за земјотреси (CENC), земјотресот се случил во 2:33 часот наутро (по локално време) со епицентар на длабочина од 10 километри.

Според кинескиот центар за земјотреси, точниот епицентар на земјотресот се наоѓа во близина на селото Вангдагуа, регистрирани се вкупно 59 последователни потреси. Вангдагуа е дел од округот Пингјуан, во префектуралниот град Дежоу.

Земјотресот бил почувствуван дури во Пекинг и Шангај, на околу 800 километри.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author