01.08.2023 Скопје
Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека притисокот од санкциите врз Русија мора значително да се зголеми.
„Светскиот притисок со санкции против Русија заслужува значително да се зголеми“, рече Зеленски во видео-обраќање.
Коментирајќи го нападот врз неговиот роден град Криви Рог, тој рече дека украинската армија мора да има доволно оружје со долг дострел и доволно ресурси за да ги „победи терористите“.
Зеленски изјави дека ракетите што го погодиле тој град биле истрелани „од територијата на привремено окупираниот Крим, од областа Џанкој“.
„Ова е тероризам кој никој во светот нема да го нарече поинаку“, рекол украинскиот претседател, додавајќи дека во нападот загинале шест лица, меѓу кои и едно десетгодишно девојче.
Тој додаде дека во нападот биле повредени речиси 70 луѓе, а на „десетици“ им била укажана медицинска помош во болниците.
Подготвено од А.Ѓ.