zelenski danski parlament

21.08.2023 Скопје

„Ако Русија успее да ја преземе Украина, тоа ќе предизвика болка и страдање и на другите европски држави“, изјави претседателот на Украина, Володимир Зеленски, во својот говор пред данскиот парламент, гарантирајќи сепак дека Русија нема да може да ја постигне оваа цел бидејќи украина жестоко се спротивставува.

„Руското зло предизвикува болка и страдање во украинските градови и села, тие сакаат да го донесат ова страдање во Европа и во светот“, истакна Зеленски, според кого земјата агресор отворено потврдува дека нема да се ограничи само на Украина.

Украинскиот претседател истакна дека, сите соседи на Русија се под закана доколку Украина не се спротивстави.

Претседателот Зеленски додаде дека во случај на победа на Русија во конфликтот, нема да биде можно да се воскресне меѓународното право.

Подготвено од М.Н.

About Author