03.08.2023 Скопје
Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека руските напади врз пристанишната инфраструктура покажале дека Москва има намера да создаде „глобална катастрофа“ со криза на пазарот на храна.
„За руската држава ова не е само борба против нашата слобода и нашата земја“, рече Зеленски во синоќешното видео обраќање.
Тој додаде дека Москва ја води борбата за „глобална катастрофа“.
Зеленски истакна дека „во нивното лудило, им треба колапс на светскиот пазар на храна, ценовна криза и прекини во снабдувањето“.
Подготвено од А.Ѓ.