28.08.2023 Скопје
Во Украина, корупцијата кривично ќе биде еднаква на предавство, барем додека е на сила воената состојба, изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски.
Претседателот на Украина истакна дека на украинските пратеници им поставил јасни задачи, односно да донесат закон со кој корупцијата ќе биде поистоветена како воено предавство.
Зеленски додаде дека ова можеби нема да биде ефективно трајно, но мисли дека во време на војна ќе помогне да се намали корупцијата во државата.
„Не знам дали европратениците ќе го поддржат овој предлог, но јас дефинитивно ќе го предложам“, додаде Зеленски во своето јавно обраќање на украинската национална телевизија.
Подготвено од М.Н.