zelenski bara oruzje od juzna koreja

12.08.2023 Скопје

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, најави дека ќе бидат отпуштени сите раководители на регионалните воени канцеларии за регистрација и упис во земјата, на крајот од состанокот на Националниот совет за одбрана и безбедност на Украина.

„Овој систем треба да го водат луѓе кои точно знаат што е војна зошто цинизмот и корупцијата за време на војната се предавство“, изјави Зеленски, истакнувајќи дека се водат 112 кривични случаи против службеници од канцелариите за воена регистрација и запишување, и 33 лица се осомничени за сторени кривични дела.

Според она што произлегло од инспекциите, како што објасни Зеленски, имало случаи на незаконско богатење и незаконски стекнати средства за личен профит.

Последниов месец во скандали беа вклучени и некои раководители на локалните центри за регрутирање и социјална поддршка.

Откриени е недвижен имот во Шпанија и луксузни возила регистрирани на воениот комесар на регионот Одеса, како и два автомобили и два стана кои регионалниот комесар на Днепропетровск ги предал на неговиот татко.

Подготвено од М.Н.

About Author