04.08.2023 Скопје
Деветнаесет уметници од земјава и од странство беа дел од 15-тата Меѓународна ликовна колонија „Дрен“ која се одржа во Центарот за култура „Марко Цепенков“ во Прилеп. Уметниците создаваа скулптури, инсталации, слики, користејќи различни материјали: дрво, метал, прилепски мермер.
Во текот на 15 години се создадени околу 400 дела кои остануваат како наследство на Центарот за култура, а делата на годинашната колонија беа презентирани на изложба во Центарот за култура, а ќе бидат презентирани и низ повеќе градови во Македонија.
Колонијата се реализира со финансиска поддршка на Министерството за култура.
Подготвено од А.Ѓ.