01.08.2023 Скопје

Плажата Софулар во црноморското одморалиште Шиле, недалеку од Истанбул, е затворена откако се пронајдени 28 неексплодирани мини.

„Најмалку 28 неексплодирани мини се пронајдени во текот на вчерашниот ден во 10 часот по локално време. Мините ги пронашле нуркачи. Осум мини се извлечени на брегот заради уништување“, соопштија властите.

Мините ќе бидат неутрализирани на 2 август, а нуркачите продолжуваат да го пребаруваат морското дно недалеку од плажата.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *