31.08.2023 Скопје
ЈП Улици и патишта Скопје информираат дека денеска на тротоарот на мостот „Обединети Нации“ се изведуваат градежни работи за санација на мостот и дека е поставена соодветна сообраќајна сигнализација.
Поради извршување на градежни работи на мостот „Обединети Нации“, денеска ќе биде затворена за движење патеката за пешаци во насока од Влае кон Карпош.
Пешачката патека ќе биде затворена за движење до завршувањето на градежните активности.
Од ЈП Улици и патишта Скопје апелираат до сите учесници во сообраќајот да бидат внимателни и да ја прилагодат својата брзина на движење според условите на патот.
Подготвено од А.Ѓ.