etna erupcija sicilija

14.08.2023 Скопје

Аеродромот Катанија на Сицилија е затворен поради нова ерупција на вулканот Етна, соопшти операторот на аеродромот Сац.

Управувачката компанија на аеродромот Катанија, доцна синоќа информираше дека поради вулканската активност на Етна, воздушните сектори C1 и B3 ќе останат затворени до 14 часот денес.

Според последните извештаи на Националниот институт за геофизика и вулканологија (Ингв), ерупцијата се случила во текот на ноќта во југоисточниот кратер на вулканот на надморска височина од околу 3.300 метри.

Активноста на вулканот веќе се подобрува и се очекува летовите да продолжат редовно во попладневните часови, соопштија од Сац.

Подготвено од М.Н.

About Author