aerodrom

10.08.2023 Скопје

Околу 230 вработени на лондонскиот аеродром Гетвик, вториот најфреквентен аеродром во Велика Британија, ќе штрајкуваат осум дена поради спорот за платите, објави денеска Обединетиот синдикат, предупредувајќи на откажување на летовите за време на шпицот на летната сезона.

Потсетуваме дека ова е уште еден во низата штрајкови кои ја погодуваат Европа, а и воздухопловната индустрија воопшто.

Персоналот на земјата, персоналот за помош на патниците и другите работници на аеродромот Гетвик преговараа за платите одделно со неколку работодавци, вклучувајќи ги Red Handling, Wilson James, Menzies и ASC.

Мора да се признае, некои штрајкови беа откажани минатиот месец, бидејќи вработените добија прифатливи понуди за плати.

Сепак, Обединетиот синдикат денеска објави дека работниците вработени во Red Handling и Wilson James сепак ќе штрајкуваат.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author