03.08.2023 Скопје
Четири дена по истекот на ултиматумот наметнат од Економската заедница на западноафриканските држави (Седеао), ситуацијата во Нигер по државниот удар од 26 јули останува неизвесна.
Вчера, додека делегацијата на Цедеао предводена од поранешниот нигериски претседател Абдулсалами Абубакар пристигнуваше во Ниамеј, воената хунта која дојде на власт најави повторно отворање на копнените и воздушните граници со Алжир, Буркина Фасо, Мали, Либија и Чад.
Шефот на воената хунта која минатата недела ја презеде власта во Нигер, испрати делегација во Мали за зајакнување на соработката меѓу двете земји.
Целта на мисијата, според медиумите е да се размислува за начините за зајакнување на соработката меѓу двете земји. Според анонимни извори, делегацијата потоа ќе се упати и во Буркина Фасо каде ќе се сретне со капетанот Ибрахим Траоре, шеф на пучистата хунта на власт во Уагадугу.
Мали и Буркина Фасо, како и соседна Гвинеја-Конакри, кои се предводени од проруски пучисти во последните денови зазедоа став против можна воена интервенција на Цедеао во Нигер, наведувајќи дека тоа би било објава на војна против нив.
Во меѓувреме продолжуваат операциите за евакуација на западните граѓани од Нијамеј. Пред два дена, 99-те патници, Италијанци и странци, безбедно се вратија на аеродромот Чампино со специјалниот лет испратен од Италија за Нигер.
Франција, која за време на пучот имаше околу 1.200 сограѓани присутни во Нигер, од кои 600 побараа да се вратат дома, досега има вратено околу 500 луѓе на два лета, а за уште два лета побара помош од ЕУ, односно преку механизам за цивилна заштита за поддршка на репатријацијата на европските граѓани во Нигер.
Германија, исто така, врати повеќе од 40 сограѓани со летови организирани од Франција, додека шпанското Министерство за надворешни работи оддржа состанок со кризната единица за да ја спроведе операцијата за евакуација на околу 70-те шпански граѓани кои останаа во Нигер по државниот удар.
Аналитичарите предупредуваат за можна воена интервенција во Нигер од страна на Цедеао, која ќе биде поддржана од Западот.
Подготвено од М.Н.