09.08.2023 Скопје
Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави дека го видел писмото на 56-те западни парламентарци и дека е горд што го обвинуваат што не ја признал независноста на самопрогласеното Косово и ги бранел интересите на српскиот народ во Босна и Херцеговина и Црна Гора.
Вучиќ истакна дека тоа го има видено во писмото во кое е нападнат дека е виновен што им помага на луѓето во Република Српска, „правам потези како куклар, држам разни политичари на поводник, исто така Господ знае што правам со Србите во Црна Гора, на Косово и Метохија правам проблеми затоа што не ја признавам независноста“.
„Тоа писмо е суштински против Србија, велат дека тој што би ја признал независноста на Косово е добар во Србија, а јас сум виновен затоа што не ја признавам независноста на Косово и со тоа предизвикувам проблеми. Јас сум виновен, јас сум горд на таа грешка“, рече Вучиќ на прес-конференцијата.
Исто така, вели Вучиќ, се гордеам кога гледам дека тука нема некои посебни имиња.
„Што се однесува до Украина, таа е наша пријателска земја. Мислам дека Зеленски е многу помудар и попаметен од Морешкл. Замислете ако Украина ја признае независноста на Косово, ќе изгуби се за еден ден“, вели Вучиќ.
Српскиот претседател истакна дека секогаш ќе се залага за слободен пристап и Србија сама да носи одлуки.
„Не бев особено вознемирен бидејќи ова беше очајнички потег на оние луѓе кои провоцираат и се обидуваат да предизвикаат конфликти. Ги одземаат лиценците на Телеком, ја видовте реакцијата на американската амбасада и на многу други на Косово, но тоа е така кога имате луѓе кои сакаат да предизвикуваат конфликти и сакаат да не спречат да кажеме што имаме разговарано и сакаат да не вовлечат во конфликти за да ја исполнат нивната агенда. Ние не сакаме да учествуваме во тоа. Ќе се бориме и секогаш ќе бидеме со српскиот народ на Косово и Метохија“, истакна Вучиќ.
Подготвено од А.Ѓ.