https://www.facebook.com/photo.php?fbid=779574223755726&set=pb.100051094670379.-2207520000.&type=3

18.08.2023 Скопје

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, изјави дека политиката за „создавање Голема Албанија“ е процес што ќе продолжи и дека косовскиот премиер Албин Курти нема да застане.

Српскиот претседател се осврна за посетата на Курти на Тетово и Скопје, и истакна дека проблемот не е едно знаме на „Голема Албанија“, туку она за што Курти зборува и начинот на кој тоа се најавува.

Вучиќ го коментираше и недостигот на реакција на Западот за споменувањето на „Голема Албанија“, и додаде дека од западот молчат затоа што не ги интересира оваа приказна.

Подготвено од М.Н.

About Author