modi indija nedoverba na vlada

11.08.2023 Скопје

Предлогот за недоверба што опозицијата во парламентот го изнесе против индискиот премиер Нарендра Моди е тест не за владата, туку за малцинството, кое е гладно за власт и не се грижи за интересите на земја која во рок од пет години ќе биде трета по големина економија во светот, изјавија некои аналитичари.

Моди истакна дека, сега најмногу треба да се фокусираат само на развојот на државата и на своите млади луѓе, кои имаат моќ да ги остварат своите соништа.

Премиерот Моди на прес-конференција жестоко ја нападна Конгресната партија, истакнувајќи дека партијата нема ништо свое, од изборен симбол до идеи, односно дека се имаат позајмено од некој друг.

Ова е втора иницијатива за недоверба поднесена против Моди од неговото доаѓање во владата, во 2014 година.

Првата датира од 2018 година, се однесуваше на доделување специјален статус на државата Андра Прадеш и беше отфрлена по 12 часа дебата.

Рахул Ганди беше повторно примен во Лок Сабха, Долниот дом, во понеделникот на 7 август, два дена откако Врховниот суд ја суспендираше неговата двегодишна затворска казна за клевета.

Опозицискиот лидер во понеделникот го посети парламентот и му оддаде почит на статуата на Махатма Ганди.

Подготвено од М.Н.

About Author