BRIKS 123

23.08.2023 Скопје

Лидерите на земјите-членки на Самитот БРИКС доцна синоќа го завршија првиот ден од Самитот во Јоханесбург со состанок зад затворени врати на кој разговараа за важни глобални прашања и проширување на организацијата.

Според неименуван дипломатски извор средбата зад затворени врати не била однапред договорена, и додаде дека секој учесник може да го покрене секое прашање што смета дека е потребно да се иницира во текот на дискусијата.

Јужноафриканскиот претседател Сирил Рамафоса, кој претседава со Самитот, изјави дека ќе се разгледа можноста за прием на нови членки во БРИКС.

Лидерите на земјите од БРИКС се наклонети кон отворање на можноста за членство за три до пет земји, а досега 22 земји поднеле официјални апликации за приклучување кон БРИКС.

Дискусиите за проширувањето на организацијата ќе биде денеска на дневен ред на пленарната седница на Самитот.

Подготвено од М.Н.

About Author