28.08.2023 Скопје

Група од четворица астронаути од Јапонија, Данска, Русија и САД вчера стигнаа до Меѓународната вселенска станица (ISS) со вселенското летало SpaceX, на американската воздушна компанија во сопственост на Илон Маск.

Во екипажот на мисијата „Crew-7“ се астронаутот на НАСА Јасмин Могбели, Јапонецот Сатоши Фурукава, Данецот Андреас Могенсен и Русинот Константин Борисов.

Четворицата астронаути ќе останат на вселенската станица околу шест месеци, за кое време ќе спроведат серија научни експерименти, вклучително и употреба на нова технологија за рециклирање вода за идни мисии на Месечината.

Подготвено од М.Н.

About Author

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *