28.08.2023 Скопје
Јапонските власти известија дека новите тестови спроведени на водите за ладење на нуклеарниот реактор „Фукушима 1“ испуштен во Пацификот не откриваат чувствителни траги од опасни радиоактивни елементи.
Резултатите од тестовите, спроведени од Министерството за животна средина и префектурата Фукушима, беа објавени неколку дена откако Кина, дефинирајќи ја одлуката донесена од Токио во четвртокот како „опасна“ за животната средина, нареди општа забрана за увоз на рибни производи од Јапонија.
Според објавените податоци од примероците собрани во петокот, стои дека “во сите единаесет собирни пунктови распоредени на околу 40 километри, нивото на радиоактивните изотопи на тритиум е под дефинираните штетни граници“, односно немаат влијание врз здравјето на луѓето и врз „околината“.
Атомската агенција на Обединетите нации (МААЕ) соопшти дека процедурите усвоени од Јапонија се во согласност со меѓународните безбедносни стандарди.
Токио исто така се обврза да спроведува неделни тестови за да ги држи под контрола можните итни случаи.
Подготвено од М.Н.