11.08.2023 Скопје
Во цела Украина е прогласена вонредна состојба во воздухот, а во Киев одекнале експлозии.
Украинското воено воздухопловство предупреди дека постои ризик од ракетен напад на целата територија на земјата.
Според извештаите, руските сили лансирале ракети Кинжал од авионите МГ-31Х во правец на регионот Киев.
Во Киев е активна противвоздушна одбрана.
Градоначалникот Виталиј Кличко потврди дека во градот се слушаат експлозии и ги повика граѓаните да останат во засолништа.
Подготвено од А.Ѓ.