15.08.2023 Скопје
Британските воздухопловни сили пресретнаа два руски бомбардери северно од Шетландските острови.
Борците на РАФ полетаа од базата Лосимут, на североистокот на Шкотска и го надгледуваа минувањето на руските бомбардери, два Туполев Ту-142, над меѓународните води северно од Обединетото Кралство, соопштија воздухопловните сили на ОК.
Воздухопловните екипажи на РАФ во Лосимут постојано го следат британскиот воздушен простор и секогаш се подготвени веднаш да дејствуваат за да ја зачуваат земја безбедна, соопшти потсекретарот за вооружени сили, Џејмс Хепи.
Подготвено од М.Н.