iran voeni vezbi pomorski vozdusni

03.08.2023 Скопје

Корпусот на Револуционерната гарда на Исламската Република Иран (ИРГЦ, т.н. Пасдаран) започна поморски воени маневри на островите Абу Муса, Биг Тунб и Мал Тунб, соопшти Алиреза Танксири, командант на морнарицата на ИРГЦ.

Високиот функционер ја истакна потребата да се одбранат трите острови кои се спорни со Обединетите Арапски Емирати.

Целта на започнатите вежби според Танксири, е да се покаже поморската моќ на ИРГЦ и нејзината одбранбена и борбена подготовка за заштита на безбедноста на Персискиот залив и иранските острови.

Парадоксално е што токму Иран зборува за „безбедноста“ на пловидбата, откако заплени западни танкери и товар во Ормутскиот Теснец под обвинение за шверц на нафта.

Иранските поморски маневри, извршени од различни единици на морнарицата на ИРГЦ (вклучувајќи бродови што се користат за електронско војување), се изведуваат со поддршка на авијацијата, тестирајќи различни воени тактики.

Флотата на специјалната единица наречена „Хојаџи“ за прв е опремена со проектили со дострел од 600 километри, со цел да се зачува безбедноста на трите острови.

Иранската морнарица, исто така, распореди глисери за лансирање ракети со брзина до 90 јазли, беспилотни летала, поморски бродови со далечинско управување со вештачка интелигенција, амфибиски авиони и прецизни поморски балистички ракети при спроведувањето на вежбата.

Трите острови Абу Муса, Големиот Тунб и Малиот Тунб беа воено освоени од Исламската Република на 30 ноември 1971 година, само неколку дена по основањето на Обединетите Арапски Емирати.

Поради оваа причина, Техеран тврди дека има целосен суверенитет над островите, и поради тоа, прашањето неодамна беше причина за преговор меѓу Иран и Русија, откако Москва на 11 јули потпиша заедничка декларација со земјите од Советот за соработка во Персискиот залив (ГЦЦ), во која беше упатена можноста за почеток на преговори за суверенитет над трите острови.

Иранските вежби, исто така, испраќаат порака до Саудиска Арабија и Кувајт, кои се со намера да го искористат гасното поле Дура (или Араш) во Персискиот Залив, за кое исто така тврди Техеран дека сопственоста на природните ресурси им припаѓа само на Саудиска Арабија и Кувајт, се вели во соопштението на саудиското Министерство за надворешни работи.

Кувајтскиот министер за нафта, Саад ал Барак, изјави дека неговата земја ќе започне со операции за дупчење на гасното поле без да чека демаркација на поморските граници со Иран.

Подготвено од М.Н.

About Author