01.08.2023 Скопје
Во заедничката изјава на преодните влади на двете земји се наведува дека секоја воена интервенција против Нигер би била еднаква на објавување војна на Буркина Фасо и Мали.
„Преодните влади на Буркина Фасо и Мали предупредуваат дека секоја воена интервенција против Нигер ќе претставува објава на војна против Буркина Фасо и Мали“, соопштија двете земји.
Во исто време, владите на Буркина Фасо и Мали најавија дека ќе го напуштат ECOWAS(Економска заедница на западноафриканските држави) доколку има воена интервенција против Нигер.
Воените офицери на Нигер во петокот го прогласија шефот на претседателската гарда Абдураман Тијани за нов шеф на државата, додавајќи дека го суспендирале уставот и ги распуштиле сите поранешни институции откако претходно го соборија и затворија претседателот Мохамед Базум.
ECOWAS претходно им даде на водачите на државниот удар во Нигер една недела да го вратат соборениот Базум или ќе се соочат со санкции и можна употреба на сила.
Подготвено од А.Ѓ.