niger zatvoren vozdusen prostor

07.08.2023 Скопје

Воената хунта на Нигер нареди затворање „до понатамошно известување“ на целиот воздушен простор на земјата заради можна странска воена интервенција, соопшти портпаролот на Националниот совет за спас на татковината (ЦНСП, име што го презеде пучистата), полковник Амаду Абраман.

Претходно распоредување за подготовка за интервенција беше извршено во две централноафрикански земји, и поради тоа секоја вмешана држава ќе се смета за непријател, додаде портпаролот.

Еднонеделниот ултиматум што Економската заедница на западноафриканските држави (Седеао) и го наметна на хунтата за ослободување на демократски избраниот претседател Мохамед Базум веќе истече.

Извори од францускиот печат во последните денови изјавија дека делегацијата на воената хунта за пуч во Нигер воспоставила контакт во Мали со руската паравоена група Вагнер.

Според извор во француското Министерство за надворешни работи, се дознава дека навистина бил воспоставен контакт меѓу Вагнер и нигериската хунта претставена од генералот (Салифо) Моди за време на неговата посета на Бамако.

На социјалните мрежи почна да кружи веста дека група платеници на Вагнер ќе пристигнале во Нигер, но ова е вест која се уште не е официјално потврдена.

Подготвено од М.Н.

About Author